ЗА НАС
Добредојдовте во нашата компанија
Развојните трендови на технолошки се понапредните машини ги поместуваат границите на изводливото кога станува збор за изработката на мебел. Соочени со тенденцијата на купувачите кон модерните решенија и изведбите со голем број на барања, се соочуваме со бројни предизвици кои наметнуваат барање на нови решенија, поквалитетна изработка и врвна реализација.
Итеса Ком од самиот почеток е воденa од идејата да на столарите, архитектите, проектантите и крајните купувачи им обезбеди комплетна услуга и компоненти за изработка на мебел. И сето тоа со обезбедување на најдобра услуга и постигнување на највисоко ниво на задоволство на нашите купувачи, поставувајќи ги квалитетот, временските рокови и доверливоста како темел на нашето работење.
Оптимизирање на кројните мерки
Откако купувачот ќе го избере материјалот ( декор и дебелина ) за нарачката, тогаш заедно со продавачите нарачката се дефинира и започнува со процесот на изработка и припрема за кроење на материјалите.
Кроење на плочести материјали
За да се постигне врвен квалитет и задоволство на клиентите при кроење на плочестите материјали иверки, медијапани, лесонити и други материјали се користи високо софистицирана машина за кроење по највисоки стандарди.
Кантирање На Кроените Материјали
Кантирање на кроените материјали е едноставен и ефективен начин да му дадете на вашиот мебел чист и професионален изглед. Без разлика каков вид на мебел ќе правите, додавањето на рабови е лесен начин да се создаде завршен изглед кој е и стилски и функционален.
Нашата Работа Во Бројки
Итеса-Ком е компанија со долгогодипно искуство и традиција во својата дејност сместена во изложбено продажен центар и објек за работа со над 5000m2 во индустриската зона во струшкото село Мороишта.
Бидејќи сме блиску до Вас секој работен ден, нашата работа е поделена на два дела, продажба и сервис. Нашиот тим од експерти се грижи за ефикасност и прецизност во работата.

























